Насловна / Вести / Новата термоцентрала во Босна – двигател на економијата или товар за екологијата?

Новата термоцентрала во Босна – двигател на економијата или товар за екологијата?

Термоцентралата Станари кај Добој во БиХ, на почетокот на јануари започна со испорака на електрична енергија. Има капацитет од 300MW, користи локален јаглен од блискиот рудник, и се проценува дека годишно ќе испорачува околу 2.000 GWh електрична енергија на мрежа. Станари - РиТЕ "Станари"

Инвеститор е групацијата ЕФТ (Станари е првата приватна термоцентрала на Балканот), од каде велат дека ќе извезуваат енергија во Албанија, Македонија, унгарија, Словенија и Хрватска со оглед на фактот дека традиционално БиХ произведува вишок електрична енергија. Но, стручната јавност во земјата веќе дебатира околу прашањето дали новата централа е навистина усогласена со сите европски еколошки норми?

Имајќи во предвид дека енергетската ефикасност е тесно поврзана и со емисиите на CO2, пожелно е да се применат најдобрите достапни технологии во поглед на ефикасноста. Затоа. многумина се прашуваат зошто ТЕ Станари има ефикасност од 38,5% наспроти можноста за 43% што кај овој тип нови објети се постигнува?  Станари - РиТЕ "Станари"

Од друга страна пак, Договорот во поглед на ограничување на максималните емисии на штетни материи во воздухот е склучен согласно  тогаш важечката ЕУ Директива (2001/80/EC), и вредностите подоцна не се корегирани согласно новата ЕУ Директива (2010/75/EU), со која критериумите се заострени. Иако последнава Директива дозволува новите построги критериуми да не се применуваат кај електраните кои ќе бидат пуштени во погон пред 2018 година, останува отврено прашањето зошто не е интервенирано, бидејќи изведбата сеуште  била на самиот почеток?bosna vozduh_1

Навистина многу прашања кои можат да бидат сериозен предизвик на патот на БиХ кон Европската Унија со оглед на познатата енергетска политика на Унијата во врска со јагленот и другите јаглеродно интензивни енергенти.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top