На местото пртеседател на државата, во Грција наскоро треба да стапи Катерина Сакералополу, која меѓу останатото е и истакнат борец за заштита на животната средина. Истовремено, таа е првата жена на оваа позиција во историјата на Грција. Иако е непартиска личност, на гласањето во Парламентот на 22ри јануари доби 261 глас од вкупно 300. Таа ќе застане на чело на државата на 13ти март 2020. Има диплома од познатата Сорбона во Париз, и била долгогодишен судија во Врховниот Суд. Позната е по своите прогресивни и либерални ставови по однос на правата на мигрантите, а правото во заштитата на животната средина е една од областите во кои се усовршувала.