Насловна / Архитектура / Новата престолнина на Египет

Новата престолнина на Египет

plan

Амбициозниот проект на египетските власти за изградба на нова престолнина на земјата, веќе се ближи кон реализација откако неодамна е постигнат договор со кинески инвеститори за финансирање на овој мегапроект. Кинеската компанија CFLD ќе инвестира 20 милијарди долари за првата фаза на новиот град кој официјално сè уште нема име.

glaven-grad

Подготвителните работи веќе се почнати и опфаќаат, меѓу другото, изградба на мрежа од патишта во должина од 210 километри. Новиот град никнува на простор од 700 квадратни километри, на место кое денес е пустина.

plakat

Во новото Каиро, според проектот, ќе има место за 1.000 џамии, станови за пет милиони луѓе, индустриска зона, конференциски центар со 5000 места и најголем парк во светот. Плановите за изградба се објавени во 2015 година.

urbanizam

Властите на Каиро го претставуваат овој проект како решение за пренаселеноста, загадувањето и растот на цените на недвижностите во градот. Сепак, стручњаците за планирање и урбанизам, не го делат оптимизмот на градските власти.

plakat1

Каиро и во минатото градел „градови – сателити“ во непосредна близина, но денес тие се во најголем дел ненаселени. Урбанистот од Каиро, David Sims, вели дека овој проект би можел да пропадне и покрај големите вложувања, и тоа од истите причини поради кои и денес се празни сличните „градови духови“ во близина на Каиро. „Куќите и становите се прескапи, премногу оддалечени и непристапни за жителите на Каиро“, вели Sims.

maketa

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top