Наредната Конференција на ОН за климатски промени, односно COP23, ќе с еодржи од 6 до 17 ноември годинава во Светскиот конференциски центар во Бон, Германија. Во овј град се наоѓа и Секретаријатот за климатски промени. Конференцијата ќе се одвива под председателство на Фиџи, и со помош на Владата на Германија.
Се разбира, и овој пат ќе стане збор за имплементацијата на Парискиот договор, а ќе се состане и Групацијата за научна и технолошка помош и советување.