По две децении истражување на светот, дизајнерот Томас Фазант најде инспирација во Јапонија и создаде впечатливи и неповторливи идеи за неговата трета колекција на мебел со Мекгваер. “Она што беше интересно за престојот во Јапонија беше тоа што првпат се чувствував како аутсајдер“, вели Фазант, чие двонеделно патување во земјата вклучуваше престој во Токио, посета на уметничкиот остров Наошима и познатата Бамбусова шума Сагано.
Воден од пријател со инсајдерски познавања за земјата, Томас Фазант се нашол себеси збунет од архитектурата, уметноста и градините во Јапонија, како и од елеганцијата на малите гестови, како што е деталното завиткување при секојдневно купување во продавница или прецизното обложување на повеќекратни јадења.
Најинтерпретативните креации во колекцијата се табелите Crossing, изработени со испреплетени асиметрични дрвени парчиња. Дизајнот произлегол од посетата на изложба од минатиот век, што го привлекло окото на Фазант за уметноста на тоа како ткаенината се превиткува.
Колекцијата на Томас Фазант не е јапонски мебел, туку тоа се неговите впечатоци од она што го доживеал и набљудувал при престојот во Јапонија.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА