Насловна / Арт и дизајн / Новата изложба во галерија „Сачи“ во Лондон, посветена на женски автори

Новата изложба во галерија „Сачи“ во Лондон, посветена на женски автори

Утре (13 јануари), галеријата „Сачи“ во Лондон, една од најголемите и највлијателни  современи уметнички галерии во светот, ќе ја отвори изложбата Champagne Life, која ќе прикаже само дела на женски уметници.sachi galerija london (5)

Alice Anderson – Fort Da, 2011

Чарлс Сачи на меѓународната ликовна сцена изведе некои од многуте познати уметници денес, како што се Трејси Емин, Паула Рего и Сара Лукас. Овој трговец и колекционер со уметнички дела, по многу години одлучи да се врати на „женска“ тема и по повод 30-годишнината од формирањето на галеријата ќе биде домаќин на изложбата Champagne Life, која ќе вклучи дела исклучиво од женски автори. sachi galerija london

Stephanie Quayle – Two Cows, 2013

Ќе бидат прикажани вкупно четиринаесет дела од целиот свет, а силната порака од оваа изложба е активната положба на жените во современата уметност, но се уште нецелосно прифатена.sachi galerija london (2)

Mequitta Ahuja – Rhyme Sequence: Wiggle Waggle, 2012

Изложбата ќе биде отворена до 6 март.

sachi galerija london (3)

Seung Ah – Paik Autolandscape, 2012-2113

sachi galerija london (4)

Julia Wachtel – Champagne Life, 2014

 

Испрати коментар

Scroll To Top