Иако Норвешка речиси целосно се напојува со струја од обновливи извори на енергија, оваа богата земја на север продолжува да инвестира во изградба на електрани, со цел да се зголеми производството на чиста енергија. Некои од нив не само што придонесуваат за позитивен енергетски биланс, но исто така и на туристичкиот потенцијал на земјата.
Хидроелектраната Ovre Forsland е една од таквите убави примери!
Впечатлива архитектура, прекрасниот амбиент и функцијата на чиста енергија се адути на кои туристите не можат да им одолеат.
Норвешка се напојува со струја преку хидроелектрани, геотермални енергии и ветер, а новиот план на власта е со енергетската индустрија да се зголеми туристичкиот потенцијал. Хидроелектраната Ovre Forsland, во шумите на планината Helgeland, е една таква дестинација. Хидроелектраната со капацитет од 30KWh е дизајнирана од страна на Stein Hamre.
Електраната е дизајнирана така да ги рефлектира карактеристиките на околината: брегот на реката и густата шума која го опкружува.
Главната инспирација за фасадата на објектот е вертикалноста и неуедначените стебла на смреки – вели архитектот Stein Hamre.
Ноќиотн режим на осветлување е особено интересен.