Насловна / Вести / Новата фабрика на Tesla – Giga Berlin, ќе вработува 40.000 луѓе

Новата фабрика на Tesla – Giga Berlin, ќе вработува 40.000 луѓе

Новата фабрика на Tesla – Giga Berlin, ќе вработува 40.000 луѓе, кои ќе работат во три смени. Доаѓањето и заминувањето на работното место на толкав број луѓе бара и соодветна сообраќајна инфраструктура, која задолжително мора да биде интегрирана со постоечката и без негативни ефекти врз животната средина. Производителот на електрични автомобили од Калифорнија, има намера да произведува 500.000 возила во оваа своја фабрика, почнувајќи од летото 2021 година.

За да се стигне до бројката од 40.000 вработени, потребен е период од оклу 10 години, но сепак оваа бројка е четири пати поголема од бројот на вработени во фабриката на Tesla во Фримонт. Неодамна на твитер, сопственикот на компанијата Илон Маск напиша: „Ве молам работете во Tesla Giga Berlin! Ќе биде супер забавно!

gigaberlin1

gigaberlin2

gigaberlin3

gigaberlin4

Испрати коментар

Scroll To Top