Џиновската ракетаа на НАСА, Space Launch System, во средата се упати кон лансирната рампа, додека се подготвува за првото пробно лансирање кон Месечината за десетина дена. Ракетата висока 98 метри, би требало на 29-ти август да тргне во својата прва мисија во вселената без човечки екипаж. Тоа ќе биде клучно, долго одложувано деонстрациско патување на Месечината за програмата Artemis на НАСА, вредна повеќе милијарди долари, со која се планира враќање на луѓето на површината на Месечината, како подготовка за идните мисии на Марс.
На врвот на ракетата се наоѓа капсулата на НАСА Orion, дизајнирана од страна на Lockheed Martin, наменета за одвојување на ракетата во вселената и транспорт на луѓето кон Месечината. Лансирањето е закажано за 29-ти август, но лошото време или евентуални технички проблеми може да го одложат.