Насловна / Вести / Новата „џиновска“ хидроцентрала во Бразил започнува со работа

Новата „џиновска“ хидроцентрала во Бразил започнува со работа

Hidrocentrala Belo Monte Brazil3

Бразилската хидроенергетска компанија Norte Energia, соопшти дека првиот агрегат од ХЕ Бело Монте, чија вкупна моќност изнесува дури 11.200 MW, веќе започнал со комерцијално производство на електрична енергија. Инаку, се работи за официјално трета по големина хидроцентрала во светот, и за проект кој го следеа низа контроверзи – од протести на еколошки активисти, до неколку прекини во изведувањето на работите. Вкупната вредност на проектот е 26 милијарди долари.

Hidrocentrala Tri klisuri Kina

Најголемата хидроцентрала во светот е „Three Gorgeous“ во Кина со инсталирана моќност од 22.500 MW, додека на второто место е бразилската „Itaipu“ со инсталирана моќност од 14.000 MW. Последнава долго време го држеше приматот на најголема хидроцентрала во светот, односно до изградбата на „Three Gorgeous“.

Hidrocentrala Itaipu Brazil

Само за илустрација и споредено со наведените капацитети, целокупната инсталирана моќност на електроенергетскиот систем во Македонија (хидро, термо и др.) е околу 1.500 MW.

 

Испрати коментар

Scroll To Top