Насловна / Архитектура / Новата американска амбасада во Лондон: Уривање на стереотипот за бетонски тврдини

Новата американска амбасада во Лондон: Уривање на стереотипот за бетонски тврдини

Архитектите на американските амбасади ширум светот, во последно време се заглавени помеѓу опсесијата и отвореноста, пред сè заради опасноста од тероризам. Тоа беше главна пречка што дизајнирањето на американските амбасади ширум светот беше заглавено во еден востановен блок на сиви фасади и бункерски изданија. Тие концепти на тврдини освен заштита и безбедност, не можеа да се адаптираат на модерниот свет, посебно во архитектурата каде веќе се прават чуда.am.ambasaa-london-4

Но, новата Американска амбасада во Лондон во Британија отвора нова страница во спојот помеѓу архитектурата и безбедноста. Да се разбереме, Американците и понатаму се грижат некој да не ги нападне, но затоа со концептот на амбасадата, проектиран од американскиот архитект Киран Тимберлејк, тие знаат како да го „фасадираат“ изгледот со одбраната. И самиот автор вели дека се држи до рецептот за спој помеѓу урбаното но и оддржливоста во поглед на модерните технологии. Зад тие две квалификации, сепак се крие безбедноста и стравот од најлошото, што, пак, со дизајнот убаво е сокриено.am.ambasaa-london-1 am.ambasaa-london-2

Така од надворешен аспект, техничките параметри покажуваат дека објектот ќе има 12 катови, но сите обвиткани со непробојно стакло, значи во прашање е стаклена конструкција. Таа се наоѓа во предградието Вандсворт на јужниот брег на Темза во Лондон. Сегашната амбасада на САД во Британија кај Мејфер стана премала за илјада вработени и веќе е продадена на владата на Катар, која планира да ја преадаптира во комплекс на луксузни станови и хотел.am.ambasaa-london-3 am.ambasaa-london-8

Визуелно, на прв поглед објектот плени со стаклениот изглед, бидејќи ретко можете да најдете толку ултра-модерна амбасада, посебно кога станува збор за САД. Речиси и да не забележувате дека станува збор за обична коцка, која нема никакви дополнителни екстраваганции кои би ја сместиле во категоријата на нешто невидено, но ете, таа просто пленува со надворешноста. На некој начин, основната асоцијација на САД во светот се моќта, оружјето, војните и мускулите. Па според самиот архитект, овој дизјан ја претставува Америка во едно ново светло, модерно, но и далеку од перцепцијата на забарикадирана сила зад дебели бетонски ѕидови, зад кои се донесуваат страшни одлуки за светот. Со овој дизајн, новата амбасада на САД во Лондон ја менува комплетната перцепција и за самата земја, иако зад таа стаклена структура од непробојно стакло, повторно се наѕира безбедноста и заштитата, но и стравот од надорешни последици.am.ambasaa-london-7

Она што е особено важно, е што амбасадата концептуално беше избрана на почетокот на вториот мандат на претседателот Барак Обама, но, за жал, тој не успеа да биде прв кој ќе стапне во неа. Таа чест веројатно ќе ја има актуелниот Доналд Трамп бидејќи амбасадата ќе биде отворена во текот на оваа година. Нејзината изградба помина во тензична атмосфера и во самата Англија, бидејќи се гради во зоната позната како „Најн елмс“, каде била старата амбасада на Еро Сааринен од 1960 год., на т.н. Грозвенор плоштад. Објектот имал култна вредност па со грдни маки е срушен, по многу протести и апели за сочувување на објектот, што најверојатно уште долго време ќе ја поврзува новата модерна американска амбасада со сила и демонстрација на моќ и покрај новиот модерен дизајн.am.ambasaa-london-5

Новата американска амбасада ќе биде трета најскапа амбасада на САД во светот, по оние во Багдад и Исламабад. Зградата во Вандсворт ќе биде опкружена со 30-метарска безбедносна зона, од која едната половина насочена кон Темза ќе има мало полукружно езеро, додека задниот полукруг нивелиран на две нивоа ќе биде паркова површина, но и место на кое ќе почива целата структура и нејзината стабилност. Колку и да го претставуваат како модерно, сепак зад ова надворешно уредување се крие повторно безбедноста преку т.н. „импакт зона“, која овозможува заштита од најтешки експлозии и заштита токму во радиус од 30 метри.

Коцкестата амбасада ќе биде од трите страни „облечена“ во специјално транспарентно полимер стакло, како она од Олимпискиот базен во Пекинг, што значи дека ќе има можност за впивање на соларна енергија, додека четвртата страна која е свртена кон реката ќе има обично непробојно стакло. За „заокружување“ на дизајнот на коцката, вреди да се спомене уште кровната конструкција која е направена комплетно од соларни панели, зад која се крие целата механика за одржување на објектот. Од друга страна, акумулирањето на сончева енергија ја става во класата на зелени објекти кои не ја загадуваат животната средина. Што се однесува до внатрешноста, факт е дека контролата ќе биде прв елемент за одржување на сигурноста и на вработените, но и на посетителите. Токму тоа и ги плаши жителите на Лондон, што повеќе нема слободно да шетаат по плоштадот, туку секогаш ќе бидат на „штрек“ дека нешто може да пукне.am.ambasaa-london-6

На крајот, останува само да се каже дека новата американска амбасада во Лондон ќе чини една милијарда долари, или во превод – речиси половина буџет на Република Македонија!

                                                                                               

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top