Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во хотелиерскиот бизнис. Тој ќе гради хотел на четири ката во националниот парк Копаоник. Неговиот хотел ќе има 13 апартмани, ресторан, базен и спа-центар. Моментно работите се во фаза на собирање на градежна документација, а самото градење би почнало наскоро.