Насловна / Архитектура / Нова железничка станица во Литванија со мост над неа, дело на Zaha Hadid Architects

Нова железничка станица во Литванија со мост над неа, дело на Zaha Hadid Architects

Како дел од проектот под името Green Connect, британското студио Zaha Hadid Architects проектирало мост со широчина од 46 метри, со закривена дрвена настрешница за железничката станица во Вилнус, Литванија.   Green Connect е проект кој ќе ја модернизира станицата и соседниот јавен плоштад, пружајќи подобри јавни простори и врски ширум градот. Обновената станица ќе биде дел од планираната железничка мрежа за големи брзини Rail Baltica, која исто така го вклучува терминалот Ulemiste во Талин, Естонија, проектиран од Zaha Hadid Architects.

vilnus1

Green Connect ќе биде транспортен јазол проектиран со цел што подобро искуство на патниците. Со создавањето на дополнителни јавни простори, локацијата се претвора во атракција на само за луѓето кои доаѓаат на овој транзитен јазол, туку и за градот Вилнус и околината.

vilnus2

Централен дел на проектот е мостот широк 46 метри, долг 150 метри и 10 метри над нивото на тлото, над постоечките железнички линии и перони. Внатре ќе биде сместена станицата.  Green Connect е избран за победник на меѓународен архитектонски конкурс. Целта на мостот во овој проект е зголемување на поврзаноста помеѓу градските подрачја од двете страни на станицата. Дизајнот на мостот е модерна преработка под влијание на постоечката станица, а мостот ќе го менува својот облик по должина, со цел одржување на постоечкиот неокласичен дизајн на станицата. Овој флуиден облик на покривот се постигнува со ламелирано дрво, кое од Zaha Hadid Architects го избрале поради својата мала специфична маса, отпорноста на оган и минималниот јаглероден отпечаток. За да се зголеми природното осветлување, мостот ќе има линеарен кровен прозорец и стаклена фасада над пругата. Пејсажната архитектура на станицата, плоштадот и паркот ќе вклучува 300 нови стебла, како и патеки и градини.

vilnus3

vilnus4

vilnus5

Испрати коментар

Scroll To Top