Насловна / Архитектура / Нова зграда на место на поранешна железничка станица во Париз

Нова зграда на место на поранешна железничка станица во Париз

На местото на поранешната железничка станица, во 18 -та област во Париз, на североисток од градот, две станбени кули сега се поврзани со база, која функционира како мешан станбен простор. Повисоката кула G2 е проектирана од компанијата Jacques Moussafir , додека студиото Nicolas Hugoo било задолжено за развојот на долната кула G1, пишува Dezeen. Она што е специфично за овој проект е тоа што на станарите им се нуди простор за работа покрај домот.

Pariz

Тимот архитекти проектирал две меѓусебно поврзани кули, користејќи првенствено дрво, стакло и бетон, и како резултат на тоа, биле реализирани вкупно 105 станови.

Pariz1

Според главниот план на La Chapelle International, кој зафаќа околу седум хектари земја, било потребно да се воспостави еден подиум, кој архитектите го проектирале како основа на две нивоа од каде извираат двете кули. Овој простор содржи 18 помали работни простори „завиткани“ со транспарентна метална мрежа што овозможува отворање на просторот. Подиумот на ниво на улица содржи заеднички области за двете кули, како и две продавници.

Pariz2

Иако станбените кули претставуваат малку поголема естетска варијација во споредба со основата, во исто време тие добро се вклопуваат со остатокот од програмската шема.

Pariz3

Хибридните SOHO (Small Office Home Office) простории, кои покрај станбените простории содржат и мали работни спби, се наменети за сите оние кои сакаат да работат од дома.

Pariz4

Целта на концептот SOHO е да ги обедини деловните и станбените простори. Секоја единица има деловен влез свртен кон улицата и приватен пристап од заедничката област во централниот дел на блокот. На повисоките катови, единиците SOHO се распоредени околу шест полу-приватни тераси, овозможувајќи да тече доволна количина дневна светлина.

Pariz5

Асортиманот на материјали, кој покрај дрвото, стаклото и бетонот, содржи и челични и алуминиумски површини, создава кохезивна, индустриска естетика.

Pariz6

Петтата фасада е замислена како нова „метална обвивка“ направена од перфориран, ребрест алуминиум што создава двокрилни покриви на места или е откажана, со цел да се создадат дворови и тераси обложени со галванизирана челична решетка.

Pariz7

Станбената зграда G1 е проектирана со идеја да оди лесно и отворено кон градската средина, за што придонесуваат испакнатите балкони со отворен поглед.

Зградата е организирана околу компактно кружно јадро, со технички простори организирани поблиску до централниот дел, додека периметарските делови се оставени за дневни соби и спални соби.

Pariz8

Втората кула, наречена G2, се карактеризира со кубни пропорции, а на секој од катовите има организирано по шест апартмани.

Како и за кулата G1, живеалиштата се наоѓаат во периметарската зона, со цел да се обезбеди што е можно повеќе природна светлина и да се воспостави јасен поглед на околината.

Pariz9

Испрати коментар

Scroll To Top