Седиштето на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Флорида доби нова зграда која претставува комбинација на впечатлив дизајн и енергетски ефикасно, одржливо инженерство. Зградата е дизајнирана со термоизолациони материјали и воздушни бариери чија цел е да овозможи намалување на потрошувачката на енергија и на ресурси.
Идејата била нејзиниот изглед да го презентира „достоинството, моќта и стабилноста на Владата на САД“, а воедно и да се вклопува во околниот пејзаж.
Објектот, кој е со површина од 114.300 метри квадратни, е целосно изграден од изолирани прозорски единици, кои можат да одолеат на удари на експлозии и силни урагански ветришта. Изборот на стаклената фасада овозможува лесен влез на големо количество светлина во внатрешноста.
Покривот на зградата е прекриен со соларни панели кои придонесуваат за заштеда на енергија за 20 проценти.