Жителите на улицата „Питу Гули“ на Водно, ќе добијат реконструирано зеленило. На површина од 600 метри квадратни, општина Центар врши озеленување со зимзелени и листопадни декоративни растенија.
На овој простор ќе се садат зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрвја Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со цветови налик на паун.
Околу двеста зимзелени грмушки ќе ползат по површината и ќе ја стабилизираат косината. Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни грмушки, со различна структура и колорит, ќе внесат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците ќе се направи компактен и згуснат пејзаж.
На целата локација ќе биде поставен автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите.