Главниот инженер на Мерцедес S-Class , Херман -Жозеф Сторп, открива некои интересни детали за следната генерација на овој модел, која ќе се појави пред крајот на деценијата и сè уште е во развојна фаза. Фокусот на истражувачите е автомобилот да биде еколошки исклучително прифатлив, а еден од начините да се постигне оваа цел е поголема употреба на јаглеродните влакна во дизајнот на автомобилот.
Тековната S -Class е 20 % поефикасна отколку претходните, а „најзелената“ верзија е S 300 BlueTec Hybrid , која троши 4,5 литри на 100 км и има емисија од неверојатни 118 грама јаглерод диоксид, што е фантастично со оглед на големината и тежината на автомобилот.