Општина Карпош стартуваше со нова инвестиција, изградба на водоводна мрежа за новата болница „Филип Втори”.
Станува збор за инвестиција во износ од 5.400.000 денари со која треба да се обезбеди водовод во должина од 572 метри долж новопроектираните улици 1 и 2 улица едната меѓу улиците “Бледски договор” и булеварот “8-ми Септември”, а другата кон бензинската пумпа на „Макпетрол”.
Изведувач на работите е фирмата „Жикол”, а оваа нова инвестиција на територијата на УЗ Карпош 3 се очекува да биде завршена за десеттина дена.