Насловна / Вести / Нова ветротурбина наменета за најтешки услови

Нова ветротурбина наменета за најтешки услови

Германскиот проеизводител на ветроенергетска опрема Nordex, наскоро ќе ја претстави новата ветерна турбина која е посебно конструирана за локации со силни ветрови. Се работи за турбина со ознака N133/4.8 која ќе биде надополнување за серијата Delta4000. Истовремено, дијаметарот на роторот ќе биде зголемен на 133 m, а најголемата моќност на 4,8 MW. Турбината првенствено ќе биде наменета за примена во подрачјата на силни ветрови како што е тоа случај на северозападот  на Европа (особено во Велика Британија и Норвешка), но и во Турција, Австралија, Средна и Јужна Америка. Сериското производство на новата ветерна турбина се очекува да започне во 2019 година.

Nordex

 

Испрати коментар

Scroll To Top