Насловна / Вести / Нова велосипедска и пешачка патека од Бит-пазар до Мавровка

Нова велосипедска и пешачка патека од Бит-пазар до Мавровка

se-rekonstruira-peshachkata-i-velosipedskata-pateka-kaj-bit-pazar-181138
Град Скопје денеска официјално ја започна реконструкцијата на велосипедската и пешачката патека на булеварот „Крсте Мисирков“ од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до влезот на чаршијата во должина од 440 метри.

– Имајќи предвид дека овој дел беше многу руиниран, со овој зафат практично ќе добиеме средена велосипедска и пешачка патека. Покрај ивичниците планираме да поставиме и столпчиња со што ќе се оневозможи паркирање на возила, а во текот на есенскиот период ќе биде обновен и дрворедот на патеката, – истакна градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Градоначалникот на Скопје информира дека во подготовка е и оградата што ќе биде поставена на булеварот „Крсте Мисирков“ од пешачкиот мост со семафор до пешачкиот премин кај мостот кон Чаир, со што ќе се оневозможи непрописно претрчување преку булеварот.

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити нагласи дека со овој проект на Градот Скопје како и со идните заеднички проекти, покрај уредувањето на патеката ќе се овозможи лојална конкуренција на тезгите што плаќаат, со што ќе се овозможат добри услови како за трговците така и за граѓаните што пазарат на Бит-пазар и на „Пластичарската улица“.

Реконструкцијата на пешачката и велосипедската патека, која изнесува 2.750 квадратни метри, ќе ја изведува ЈП „Улици и патишта“, а за овој проект Градот ќе издвои 2,4 милиони денари. 

Испрати коментар

Scroll To Top