Започна поставувањето на нова урбана опрема низ Широк сокак, која подразбира замена на старите метални жардиниери и метални корпи за отпадоци со нови модели кои се изработени од импрегниран пресован гранит и мермер.
Широк сокак е разубавен со нови корпи за отпадоци од кои 25 веќе се поставени, 100 нови жардиниери и околу 10 тона декоративен камен поставен на дрворедот. Сето ова е дизајнирано и реализирано од „Комуналец“.
Оваа инвестиција на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изнесува над еден милион денари.
„Според програмата за јавно зеленило, во голем дел на изворите на финансирање учествува општината, но и граѓаните. Значи сите правни и физички лица преку плаќањето на своите сметки за комунален отпад, инвестираат во уредување и разубавување на јавните зелени површини“, изјави директорот на „Комуналец“ Зоран Соклевски.