Магичните куќи во низа кои биле доминантни во густото ткиво на урбаниот дел на Шангај, сега полека се распаѓаат поради преголемата густина со текот на рзвојот низ целиот град. Neri &Hu биле повикани да реконструираат еден сегмент од руинираните куќи од кои немало останато речиси ништо освен прекрасната школка која го затворала просторот. Куќата е сметена во историската и уметничка област Tianzifang во Шангај, каде мисијата била да се трансформираат три посебни станбени единици.
Стратегијата на Neri&Hu била да се преобмисли типологијата на куќата, задржувајќи го распрснатиот распоред на катовите, што е типична особина на куќите во градот, и да се додадат нови отвори и надсветла за да го истакнат интегритетот на таквата типологија, приспособувајќи го на денешниот начин на живот.