На Универзитетот во Мичиген остварен е значителен напредок кој би можел да доведе до големо намалување на трошоците на соларните ќелии, поточно два до три пати во одно на моменталните тенки филмови. Ова откритие се однесува на перовскитни соларни ќелии, кои се познати по својата економичност и еколошка прифатливост, но досега биле органичени со брзо деградирање во споредба со силициумските соларни ќелии.
Перовскитните соларни ќелии, кои се развиени на Универзитетот во Мичиген, може да се комбинираат со силициумски полупроводници, кои во моментот се доминантни во соларните панели, создавајќи така тандем на соларни ќелии. Овие тандем ќелии би можеле да ја надминат максималната теоретска ефикасност на силициумските соларни ќелии. Истражувањето покажало дека молекулите кои ги „санираат дефектите“ се најефикасни во зголемувањето на векот на експлоатација на перовскит ќелиите. Истражувачкиот тим креирал три адитиви со различни облици и големини и го додал во тенките филмови на кристалите на перовскит. На тој начин поефикасно се спречува формирање на дефекти. Труд з аова истражување е објавен во часописот Matter.