Насловна / Вести / Нова ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар

Нова ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар

Екипи на Градот Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар.velosipedska pateka na kej vardar
Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.
На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со  висина од  по 7 седум метри.
Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, Градот Скопје ќе овозможи вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.

Испрати коментар

Scroll To Top