Најпознатиот кинески уметник и дисидент Аи Веивеи „засади“ поле од трева во Ванкувер во тамошниот Harbour Green Park. Се разбира, тој тоа го направи во својот провокативен стил.
Во прашање е интересна уметничка инсталација F Grass во форма на елегантна буква f која не бара превод и толкување, а која во Ванкувер се претставува како дел од уметничкото биенале. Уметникот Аи Веивеи поставил околу 1320 тревки од индустриски челик во висина од 20 см за да ја формираат калиграфски напишаната буква f. Инсталацијата подобро се гледа од воздух. „Посадената“ трева во Ванкувер ќе расте во текот на целата година. Критичарите се согласуваат дека ова е продолжение на претходното познато дело Sunflower Seeds, кое славниот Кинез го поставил во Тејт Модерн во Лондон во 2010 година. Заедно, овие челични „тревки“ ја симболизираат силата, единството и истрајноста во борбата за правата на сите оние што се лишени од нив.