Охрид и официјално доби нова пешачкa-рекреативна патека, на потегот од Кошишта, преку Лабино до Канео, со два краци кон плажата Лабино, Воска и Даљан.
Патеката е долга 2,7 километри, преку Мостот на желбите се поврзува со крајезерските улици, а преку нов со шеталиштето на градскиот кеј и натаму преку Студенчички мост и новоизградената патека, се до туристичките зони во населбата Свети Стефан.
Современата пешачка патека е широка 10 метри , со две пешачки зони, две патеки за ролери и велосипеди, а во средината е хортикултурно уредена и осветлена. Во рамки на патеката има и посебна фитнес зона, а според најавите на градоначалникот на Охрид наскоро ќе биде изградено и ново детско игралиште.
Кога станува збор за вакви слободни зони за пешаците и рекреативците, Охрид, без сомнение, е во самиот врв кај туристичките дестинации во светот.