Новата атракција на Дизелдорф секако ќе биде објектот на Операта Duett Dusseldorf, проектиран од страна на архитектонското студио Snøhetta. Овој повеќеслоен комплекс кој ќе биде еден од центрите на уметничкиот и културниот сектор на Дизелдорф, се состои од две навалени кули кои се издигнуваат од хоризонталниот дел кој претставува ново концертно место. Освен концертниот дел, тука ќе се наоѓа и хотел, деловен простор и резиденцијален дел. Објектот се наоѓа во близина на паркот Hofgarten и реката Рајна, а неговото приземје ги претопува границите помеѓу надворешниот и внатрешниот простор преку стаклена фасада.
Стариот културен објект повеќе не ги исполнувал барањата, така што новата оперска куќа ќе го замени, но и ќе додаде во комплексот низа нови функции. Оперската програма е сместена во хоризонталниот дел, што исто така создава целина со опкружувањето. Приодот од паркот до главниот влез е опкружен со урбана шума. Градината на покривот од објектот е дел од јавниот простор, и планирано е да поддржи широк спектар на културни настани. Слоевитата стаклена фасада на надворешните и внатрешните страни на конструкцијата, даваат посебна димензија на целата околина. Целта на ваквиот дизајн е да креира простор за сретнување на луѓето од различни области, но и да креира атрактивен јавен простор.