Од САД неодамна е најавен голем проект чија цел е поврзување на гасните полиња на северот на Ајаска со терминалот на југот, каде гасот ќе се втечнува и ќе се испорачува на азиските пазари. Идејата за гасоводот од овој регион не е нова, но повторно е реафирмирана и треба да опфати израдба на 1.300 километри долг гасовод, кој дневно ќе транспортира 100 кубни метри гас.
Освен што проектот може значајно да ја намали енергетската зависност на САД од увоз, бидејќи ќе се користат резервите од Алјаска, истовремено може да дојде до јакнење на трговските односи со азиските партнери. Ова ја менува и позицијата на САД во конкуренцијата со другите извозници на ТПГ. Трошоците за изградба на потребната инфраструктура се огромни, а дополнителен предизвик е ривалството со руските проекти на Арктикот. Се верува дека проектот трајно ќе ја измени енергетската слика на Пацификот, ќе отвори многу нови работни места и ќе ја редефинира енергетската соработка помеѓу Северна Америка и Азија.