Насловна / Вести / Нова метода за проценка на оштетувањата на опожарен бетон – ласерско скенирање

Нова метода за проценка на оштетувањата на опожарен бетон – ласерско скенирање

Истражувањата спроведени на University of Nottingham во Велика Британија и Ningbo во Кина (UNNC), откриле дека ласерското скенирање може да се користи како нова и одржлива техника за безбедност на конструкциите кога станува збор за детекција ан штетните ефекти на огнот врз бетонот.

Иако бетонот е позната како материја со висок степен на огноотпорност, сепак тој забележува значителни нарушувања на карактеристиките кога ќе се изложи на температури над 300°C. Проценката на безбедноста на конструкциите, обезбедува информации потребни за проценка на преостаатата носивост и трајноста на оштетувањата на бетонската конструкција од оган. Во таа насока постојат неколку конвенционални техники – некои се работат на лице место, а некои бараат посебни услови. Методите на лице место, вклучуваат визулена инспекција во врска со промена на бојата и физичките карактеристики, додека другите методи вклучуваат инвазивни тестови односно тестови базирани на лабораториски испитувања.

laser1

На лабораториите на споменатите универзитети, ја проучувале употребата на терестичкото ласерско скенирање (TSL), како недеструктивен начин за проценка и откривање на оштетувањата на бетонот предизвикани од пожар. Оваа техника е објаснета во часописот Journal of Civil Structural Health Monitoring.

laser2

Студијата го истражувала влијанието на упадните агли на скенирање и оддалеченоста врз интензитетот на повратниот ласерски зрак. Исто така, испитувана е и промената на бојата на бетонот. Податоците се собрани и толкувани и за бетон кој е опожарен и за бетон во нормални услови. Експериментите се спроведени во контролирани лабораториски услови со користење на ласерски скенер Leica HDS7000 и FARO Focus 120. Примероците од бетон се загревани во печка на температура до 1000°C. Притоа утврдена е корелација помеѓу интензитетот на зракот и температурата на изложување, што укажува дека со помош на интезнзитетот на ласерскиот зрак може да се детектира состојбата на бетонот.

Испрати коментар

Scroll To Top