Насловна / Вести / Нова метода за проценка на оштетениот бетон во пожар – ласерско скенирање

Нова метода за проценка на оштетениот бетон во пожар – ласерско скенирање

Истражувањата спроведени на University of Nottingham во Велика Британија и Ningbo во Кина (UNNC) открија дека ласерското скенирање може да се користи како нова и одржлива техника за безбедност на конструкциите во областа на детекција на штетните ефекти на огнот врз бетонот. Иако бетонот е познат како материјал со висок степен на огноотпорност, бидејќи е во состојба да задржи голем дел од својата носивост, сепак, неговите физички, хемиски и механички особини трпат сериозни промени кога е изложен на високи температури, особено над 300°C. Проценката на безбедноста на конструкциите обезбедува информации потребни за проценка на преостанатата носивост и трајноста на оштетувањата од огнот. Се користи со цел предлагање на соодветни методи за санација или пак за да се донесе одлука за рушење на објектот.

Постојат неколку конвенционални техники за проценка на оштетувањата на бетонот од оган. Методите кои се работат на лице место вклучуваат визуелна инспекција на промената на бојата и физичките карактеристики, додека другите методи вклучуваат инвазивни тестови или техники кои се базираат на лабораториски тестирања. Меѓутоа сите овие методи имаат свои предности и недостатоци. Wallace Mukupa, докторант на Nottingham Geospatial Institute на UNNC, Gethin Roberts, стручњак од областа на геопросторно инженерство на  University of Nottingham и Craig Hancock, доцент по геопросторен инженеринг на UNNC, ја проучувале употребата на терестријалното ласерско скенирање (TSL -Terrestrial Laser Scanning ) како недеструктивен начин за процена и откривање на оштетувањата на бетонот предизвикани од пожари. Ова скенирање може да се изврши од далечина, што ја зголемува безбедноста во работата. Скенирањето е брзо, со милиони точки измерени во неколку секунди и просторна резолуција која се обработува во краток временски период. Ова е предност за градежните конструкции, со оглед на нивната маса и димензии. Недеструктивната техника за проценка на состојбата на елементите на бетонот оштетен од пожар со помош на TLS е објавена во Journal of Civil Structural Health Monitoring.

fdc1

fdc2

FDC3

fdc4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top