Кулата Tirana Tower од бирото Oppenheim Architecture ги проширува тековните напори во процесот на ревитализација на главниот град на Албанија, реинтерпретирајќи го културното наследство на градот низ модерна призма.
Проектот во кој доминира бетон предизвикува длабока врска со локалниот урбан контекст – новопланираната кула во Тирана, за разлика од типичните високи станбени згради, непречено се вклопува со околината.
Приземјето на зградата има силна врска со локални деловни простории и пријатен парк, промовирајќи активен пешачки простор кој ја вклучува заедницата.
Модерна естетика во комбинација со историско занаетчиство
Инспирирани од албанското занаетчиство, а особено со локалната врска, архитектите интегрирале традиционални елементи во проектот на Tirana Tower.
Текстурирани бетонски панели се применети на фасадата, со дизајн кој потсетува на локални таписерии, комбинирајќи ја модерната естетика со историското занаетчиство на Тирана, а во исто време овозможувајќи игра на светлина и сенка.
Според проектот, кулата е поместена од улицата, создавајќи пријатен јавен простор во приземјето што треба да поттикне социјална интеракција и културни размени.
Овој пристап го збогатува и урбаното искуство на градот, обезбедувајќи мултифункционален простор за станарите, но и за секој што случајно ќе се најде во соседството, изјавија од компанијата со седиште во Базел и Мајами.
Внимателно планиран секој стан
Внатрешноста на кулата нуди оптимизирана организација на просторот на становите. Секој стан е внимателно испланиран со цел да се искористи просторот максимално и да се направи што е можно подобра функционалност за непречен модерен, урбан начин на живот.
Посебна карактеристика на кулата се лоѓите кои го обвиткуваат целиот објект, а од директна сончева светлина и погледи се заштитени со фасадни панели, така што однадвор се речиси невидливи. Овие отворени простори им нудат на жителите панорамски поглед на градот.
Урбаниот хоризонт на Тирана се менува
Покрај нејзиниот придонес во архитектурата, кулата со површина од 22.750 квадраѕн метри, која моментално е во фаза на изградба, ќе го промени урбаниот хоризонт на Тирана, но со почит кон минатото, а особено културното наследство.
Имајќи ги предвид најновите ангажмани во Албанија, од кули и развојни проекти до проширувањето на музејот „Беса“, Oppenheim Architecture овој септември отвора свое претставништво во Тирана.