Бирото Sou Fujimoto Architects претстави проект за нова кула која наликува на „облак од спреј“ во квартот Qianhaiwan во Шенжен, Кина.
Наречена Qianhai New City Center Landmark, кулата од 268 метри делува како орјентир и се состои од 99 поединечни кули кои се поврзани во горниот дел со елемент обликуван во хоризонтална рамнина. Сите овие елементи на кулата исчезнуваат додека се спуштаат надоле.
Предложената кула на архитектите од Sou Fujimoto Architects има намера да биде иконичен развој во квартот Qianhaiwan во Шенжен, кој од неодамна бележи огромен урбан развиток.
Одржан е конкурс за проект на знаменитата кула, која би била свртена кон заливот. Меѓутоа, на натпреварот, жирито решило да не додели прва награда, одлучиле да ја доделат втората награда со врвен ранг, која ја освои бирото Sou Fujimoto Architects.
За својот концепт Sou Fujimoto ја преиспитале природата на кулите и прашале:„Што значи нова кула во 21 век?, Како може кула да евулуира, а и понатамо да привлекува внимание, како што тоа го прави Ајфеловата кула?“
Проектот на Fujimoto истовремно е замислена и со една кула и со збир кули. „Бидејќи е и едно и повеќе истовремено, тоа ја симболизира иднината на општествата во ерата на различностите“, велат од Fujimoto.
Според архитектите, „повеќето од 99 кули плутаат со ограничени точки на допир со главната кула“. „Спротивно на тоа, врвот на кулата се шири широко.“
Кога посетителите ќе погледнат одозгора, се чини дека кулата има 99 острови кои лебдат во воздухот. Обликот на кулата наликува на контејнер или цвеќе, група острови, можеби облак од спреј или дури воздушен град во иднина.
Во средиштето, кулата ја формира јадро, кое е рамнотежа на конструкцијата која ја одржуваат периферно лоцираните кабли на затегнување.
Резултатот дава впечаток на силна хоризонтална рамнина во горниот дел, која постепено исчезнува како се спушта. Кулата има и платформа за набљудување, која функционира како тродимензионален изложбен простор, со ресторан и кафе-бар.
Кулата е од челик, јаглеродни влакна, синтетичко фибер јаже и бетон, додека јадрото на кулата е подржано со челични пренапрегнати кабли.