Брендот „Луј Витон“ суптилно ги навестува и предлага своите колекции, а за оваа година особено ја нагласи својата Cruise 2015 линија. Дизајнерот Nicolas Ghesquiere отишол во Африка за да ја најде инспирацијата за дизајнот на оваа збирка.
Тој ја нашол во Louis Vuitton African Mask колекцијата од 1930 години. Тој одлучи да креира мали предмети од кожа, под истото име. Ghesquière овие шарени маски ги употребил на вистински начин, додавајќи свеж и динамичен изглед на својот избор. Оваа збирка се состои од паричници, футроли за картички и чанти. Како дел од оваа колекција се претставени и тренди сандали, ѓердани и нараквици, иако тие не се токму кожени предмети.