Насловна / Арт и дизајн / Нова колекција на канцелариски мебел Tonino Lamborghini

Нова колекција на канцелариски мебел Tonino Lamborghini

Tonino Lamborghini е еден од луксузните брендови на Formitalia, кој нуди ексклузивен мебел за вашите домови и канцеларии, инспириран од универзумот на Lamborghini автомобили.

0_resize

Од спојувањето со брендот Formitalia во 2005 година, колекцијата Tonino Lamborghini Casa е проширена со нови материјали, форми, текстури и бои повеќе пати. Ако сакате автомобили и префинета естетика, мебелот со потпис Tonino Lamborghini, поточно новата колекција GT Supercarbon Office со ограничено издание, дефинитивно ќе ви се допадне. Колекцијата за канцелариски мебел користи елегантни материјали, како што се луксузна кожа, карбонски влакна и мермер, на навистина неочекувани начини што и дава посебна привлечност.

00_resize

Од работни маси, преку столови, сите парчиња од колекцијата GT Supercarbon Office интерпретираат луксуз преку завиден квалитет и уникатен дизајн. Покрај тоа, оваа колекција мебел нуди и голем број опции за прилагодување, благодарение на кои може да ги задоволи сите ваши потреби.

Работна маса со бочна единица

раб3_resize раб2_resize раб1_resize

Како комбинација на работна маса и комода, GT Desk ги имитира јарките бои и остри форми на автомобилите Lamborghini. Современата работна маса има подлога и ногарки изработени од карбон, додека горната работна површина е поставена со Cuoio col кожа во нијанса Kestral Tan со тон на шавовите. Никловани рачки со кожни инсерти додаваат доза на стил на овој дизајн, додека во понудата се достапни и дополнителни опции како Multiplug, Desk Cable Port, Hidden Fridge и Safe Box.

Стол President

през1_resize през2_resize

 

Овој канцелариски стол е исто така изработен од карбон и покриен со кожа, со тон на тон шавови, а го краси втиснато лого на брендот на наслонот за глава. Столот има механизам за прилагодување на висината и механизам за осцилација, заедно со тркалата.

Столица Guest

гест1_resize

 

Секоја канцеларија или работен простор мора да нудат место за седење на потенцијалните гости, клиенти и колеги, и тука стапува на сцената Guest столицата од оваа колекција, кој е со двобоен кожен тапацир со метална база со мат финиш. Столицата е прекриена со Daino col кожа од предната страна и Cuoio кожа од задната, додека нејзините ногарки се креирани во минималистички црни тонови.

01_resize

02_resize

Испрати коментар

Scroll To Top