Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.
Во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи, која што на почетокот ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.
Новата инвестицијата на компанијата „Гранд-Експорт“, треба да биде реализирана во рок од една година.