Насловна / Вести / Нова инфраструктурна инсталација во Копенхаген

Нова инфраструктурна инсталација во Копенхаген

Долгиот портокалов мост наречен „The Bicycle Snake“ претставува нова инфраструктурна инсталација во Копенхаген, проектирана од архитектонското студио DISSING+WEITLING.

мост-1

Проектот за првпат започнува во 2010 година кога постоечките скали требало да бидат заменети со нова рампа на која дневно поминуваат околу 12.500 велосипедисти. Наместо класичното постаување на рампа, данското архитектонско студио предложи модерно решение со целосно нов пристап кон околината. Станува збор за долга патека која има неправилна форма и целосно е обоена во јака портокалова боја, со што се придонесува за едно урбано и повозбудливо искуство за оние што поминуваат од тука. Патеката е подигната седум метри од нивото на водата, долга е 200 метри и од двете страни се поставени рампи долги 30 метри. Инфраструктурата е изработена од метал со што се добива еден елегантен изглед.

мост-2 мост-3 мост-4 мост-5 мост-6 мост-7 мост-8 мост-9 мост-10

Испрати коментар

Scroll To Top