Во пресрет на 150-годишнината од раѓањето на славниот архитект, „Лего“ лансирал нов сет посветен на музејот Соломон Р. Гугенхајм, ремек-делото на Френк Лојд Рајт.
Сите архитекти, и оние што така се чувствуваат, сигурно слушнале за серијата коцки Architecture на „Лего“, која наместо пожарникари и роботи, ги става во прв план познатите архитектонски објекти.
Не е случајно што овој пат дојде ред на музејот „Гугенхајм“, бидејќи се одбележува 150-годишнината од раѓањето на архитектот што го дизајнирал ова славно здание во Големото јаболко.
Сетот има 744 пластични делови кои се редат едни на други како и кај сите други играчки на „Лего“. Во прилог на коцките, во кутијата има и специјално упатства за составување, кое содржи детали за музејот и за Френк Лојд Рајт.
Легото Соломон Р. Гугенхајм музеј може да се купи по цена од 79 долари.