Американскиот портал „Power Engineering International“ извести за наскоро пуштање во погон на хибридна соларно-гасна електрична централа. Новата централа треба да биде изградена во Аделаид во Јужна Австралија и ќе ја користи енергијата од сонцето која првично ќе се трансформира во топлинска, па во електрична енергија, како и енергијата која ќе настанува од согорување на биогас создаден од отпад. Со централата ќе управува компанијата NAWMA (Northern Adelaide Waste Management Authority), која е задолжена за управување со отпадот во Аделаид. Инсталираниот капацитет на централата е 11 MW.
Во проектот учествуваат и австралиските компании Joule Energy и LMS Energy, кои се одговорни за испорака на електричната енергија во јавната мрежа.
Новата централа е во склад со целта на Јужна Австралија до 2025 да оствари 50% од производсвото на електрична енергија од обновливи извори, а градот Аделаид да биде првиот јаглеродно неутрален град.