Германската енергетска компанија RWE пушти во погон нова offshore ветерна електрична централа на Северното Море.
Се работи за ветерната електрична централа Nordsee Ost, која се состои од 48 ветерни турбини со вкупна инсталирана моќност од 295 MW, со што ќе се задоволат потребите од електрична енергија на 320.000 германски домаќинства.
RWE инвестираше во оваа централа околу 1,1 милијарда долари, додека од ЕУ доби финансиска поддршка во износ од 56 милиони долари.
Оваа електрична централа е една од најголемите во светот од овој вид, а до крајот на 2015 година 40% од енергетскиот микс на оваа компанија ќе ѝ припадне токму на енергијата од ветерот.