Новата генерација на облакодери, екстремно слаби и екстремно високи, го распарува небото над Њујорк, а цените на становите во нив се астрономски. Три апартмани во еден од овие слаби солитери ја надминаа границата од по 100 милиони долари, пренесе весникот Фигаро.
– Ова е нов тип на солитери кои почнаа да никнуваат во Њујорк, но тие во следните пет до десет години ќе го изменат карактерот на Менхетен – објаснува основачот и претседател на музејот Њујоршки облакодери, Керол Вилис, за АФП. Овие згради имаат 50 до 90 спратови, нивните архитекти се меѓународно признати експерти од оваа област.