Проектот за изградба и опремување на филтер-станицата чинеше 123 милиони денари, а средствата во целост ги обезбеди Владата.
Општина Гостивар го купи земјиштето и набави трафостаница, која го снабдува објектот со електрична енергија. ЈП Комуналец ги поврза доводните цевки со филтер-станицата за што беа вложени дополнителни 100 илјади евра за завршување на овој капитален проект.
За целосно заокружување на снабдувањето со здрава вода за пиење во соработката со централната власт и меѓународните институции, Швајцарската агенција СЕЦО и германската KfW банка, во текот на 2016 година треба да се заменат азбестните со ПВЦ цевки и со тоа да се заврши најголемиот инфраструктурен проект во општина Гостивар во последните 3-4 децении.