Резиденцијалната низа Highbury е типична Лондонска низа, низ годините дизајнирана од архитекти или пак самите сопственици како еклектичен микс на куќи од сите типови на стилови при примената на материјали како тула, дрво, алуминиум, стакло.
За реновирање на еден фронтален сегмент од шесткратната традиционална низа, оригинално изградена во 1988та година како диверзитет од мешани архитектонски стилови, како инвентивец се издвојува архитектонската фирма Studio 54 Architecture.
Концептот за новосоздадената фасада е целосно запоставување на типичната лексика на резиденцијалните низи од 80тите, истовремено задржувајќи ја веќе постоечката структура и прозорските отвори, креирајќи јасна, детална фасада со примена на минимална палета материјали.
Со симплификација на формата на објектот и апликацијата на материјали кои се диференцираат од оние соседните, архитектите создале креација дистинктивна и читлива, едноставна, но елегантна структура без потреба од поголеми конструктивни интервенции.
Покрај фасадната обработка, архитектите исто така извршиле интерценција врз неколку внатрешни простории, додавајќи нова работна соба и столарија која вклучува вграден дрвен кабинет со кожни рачки.