Општина Бутел деновиве работи на целосно менување на кровот на ОУ „Петар Здравковски Пенко“. Старите ребрасти салонитни плочи се заменуваат со пластифициран лим. Кровот се менува фазно за да може да се интервенира ако случајно заврне. Вредноста на новиот кров ќе изнесува три милиони денари.
Паралелно со работите на кровот, се работи и на новата фасада на училиштето. Новата димит фасада ќе биде енергетски ефикасна, а ќе бидат сменети и оштетените дотраени прозорци.
Вредноста на проектот за фасадата изнесува 3.600 000,00 денари.
Изведувач на работите е градежната фирма ГИВ „Инженеринг“ од Скопје.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.