Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со своите соработници беше на средба со жителите на зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр.4 во населба „Пролет“.
Оваа е една од повеќето згради кои ја формираат населбата „Пролет“, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна од архитектот Михо Чакеља.
Руинираната фасада на зградата наскоро ќе добие нов изглед, бидејќи Општина Центар врши реконструкција со поставување на нова, енергетски ефикасна фасада.
Како и кај сите претходни фасади, се задржува автентичниот изглед, а жителите самите одлучуваат за бојата на фасадата. На вчерашната средба, граѓаните избраа нивната зграда да биде во пастелни, светли бои.
Новата фасада ќе им овозможи многу подобри услови за живеење, заштитени од влијанието на промените на годишните времиња и 30% пониски сметки за електрична енергија. Зградата е со површина од 1500 м2. Претходно, Општина Центар ја реконструираше и зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 7.
Ова е четиринаесетта зграда која што добива енергетски ефикасна фасада.
Како што им кажа градоначалникот Жерновски на жителите, проектот продолжува понатаму и тој очекува да бидат реновирани нови фасади на зградите во Пролет. Ги ислуша нивните проблеми и предлози, за кои ќе се бараат решенија во програмата за работа на Општината и буџетот за 2018-та година.
Mene fasada koa ke mi naprais? Za nekogo majka Za nekogo makea…. konj