Општина Центар ја започнува реконструкцијата на осмата фасада, која се наоѓа кај „Сава-Крањ“ (спроти Т.Ц. Рамстор), на булевар „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ бр. 30.
Во консултација со жителите, избрано е богато, колоритно решение кое го задржува автентичниот изглед на фасадата. Жителите се задоволни бидејќи, конечно ќе биде заменет долгогодишниот урнисан изглед на фасадата, која велат дека е градена во далечните 50-ти години од минатиот век.
Зафатот, кој го прави општина Центар, е на 4.200 м2. Граѓаните, освен нова модерна фасада, на зима ќе добиваат и за 1/3 пониски сметки за греење.
Ова е дел од проектот за изработка на термички фасади со енергетска ефикасност на станбените објекти на територија на општина Центар.