Насловна / Вести / Нова електрана во Хрватска која ќе генерира и биојаглен

Нова електрана во Хрватска која ќе генерира и биојаглен

Во Валпово, Славонија за околу три месеци ќе започне со работа биоелектрана која меѓу другото ќе произведува и биојаглен. Електраната нема оџаци и нема да има никакви емисии во атмосферата, а технологијата за третирање на дрвната биомаса Biomass Ultima доаѓа од Словенија. За производство на електрична и топлинска енергија во когенеративен циклус, електраната ќе користи дрвени отпадоци, струготини и деланки од дрво, и ќе има потполно затворен циклус. Освен производтвото на електрична и толинска енергија, електраната дел од енергијата корсити за добивање на биојаглен (над два тони дневно). Ваквиот начин на производство на енергија не создава ниту отпадна вода ниту пепел. Добиениот биојаглен ќе може да се користи во земјоделството за прочистување на отпадните води и за медицински цели.

 

Испрати коментар

Scroll To Top