Насловна / Архитектура / Нова дрвена фасада преку објект во Тирол

Нова дрвена фасада преку објект во Тирол

Швајцарското архитектонско биро Plasma Studio добило задача да реализира архитектонска интервенција преку постоечки објект. Станува збор за тиролска куќа изградена во 60-тите години на минатиот век, во типичен стил со украсен двоводен кров и традиционални украси од дрво на оградите. Овој објект е сместен на северот на Италија, во алпската област Трентино-Јужен Тирол, во населбата Сесто. Куќата функционирала како угостителски објект со шест апартмани за сместување туристи. Сопствениците имале потереба да ги прошират капацитетите и да добијат заеднички простории и лоби. Со оваа интервенција, објектот кој е хотел „Страта“ не само што ги добил потребните простори, туку добил и фасада која станала вистински магнет за туристи.

2_resize

Бирото направило комбинација на градбата и топографијата, концепт на употреба на исти материјали, облагање со дрвени траки и ентериер полн со светлина. Во оваа интервенција од  2014. година, која ја нарекле Paramount Alma, две греди од ариш го следат геометриски сложениот волумен позади и над белата коцка и на тој начин исчезнува границата меѓу кровот и фасадата и се создаваат врски со околната топографија. Објектот добива нова обвивка, но и тераса над постоечкиот објект.

1_resize

Во 2018. година хотелот повторно ќе се прошири, ископан е стрм пад и новиот волумен се лизга позади. Дрвените греди од ариш уште еднаш се користени, но овој пат ќе се развијат покрај таванот на приземјето, кај влезот. Дрвената фасада се качува од сега пониското ниво на теренот, се извиткува околу постоечкиот оџак, а потоа се враќа назад на ниво на терен. Меѓупросторите помеѓу надворешните ѕидови и дрвените траки се шират на ниво на терен, содавајќи наткриени простори за престој на отворено.

80_resize

Проектантскиот тим на Plasma Studio користел софтвер за параметарско моделирање, за оптимизација на густината на дрвените траки, но и нивната метална потконструкција. Овој пристап овозможува флексибилност во процесот на проектирање, но и правење цртежи на монтажните елементи на поедноставен начин.

5_resize 11_resize 10_resize 12_resize 50_resize 60_resize 3_resize 90_resize 100_resize 200_resize 300_resize 70_resize

Испрати коментар

Scroll To Top