Примарниот предизвик за архитектонското студио Turenscape ја опфаќа желбата за задржување на природното опкружување долж реката низ паркот Qinhuangdao во Кина, истовремено креирајќи нови катчиња за рекреација и енвиронменталистичка едукација. Црвената траса е дизајнирана како живописен елемент кој се протега низ зелената вегетација и водната површина низ паркот, постепено следејќи ги денивелациите на теренот. Како целина, дефинирана е од три сегменти, површина за пешачење, осветлување и зони за седење.
Пет павилјони во форма на облаци се исто така дистрибуирани долж трасата, создавајќи заштита од силната сончева светлина, функционирајќи како места за средба, визуелни фокални точки и како површини на кои се поставени интерпретативни плочи. На рамните запуштени полиња, пак, како прекривки се појавуваат бела, жолта, сина и виолетова градина.
Сјајната црвена нијанса на трасата го осветлува и истовремено го заживува овој густо озеленет простор, поврзувајќи ја природната вегетација и четирите цветни градини. Трасата функционира како структурален елемент кој ги реорганизира сегментите на претходно несочуваниот и непристапен предел. Со нејзиното поставување, урбанизацијата на опкружувањето се одликува со драстичен прогрес, приспособувајќи ги барањата и потребите на локалните жители, а истовремено задржувајќи ги еколошките процеси и природното опкружување заштитени и неуништени.
Кинезиве се врв!