Една од првите инвестиции на новоформираниот романско – казахстански инвестициски фонд е комбинираната електрична централа Petromidia во вредност од 120 милиони УСД. Новата термоцентрала ќе има моќност од 75 MW, а произведената електрична енергија ќе ја покрива потребата од енергија на рафинеријата Petromidia, но вишокот ќе се испорачува во мрежата. Проектот ќе го реализира компанијата Rompetrol. Термоцентралата ќе користи природен гас, кој делумно ќе биде обезбеден од самата рафинерија. Произведената топлина освен за потребите на рафинеријата ќе се користи и за потрошувачка на топла вода и греење на градор Наводари. Проектот ќе биде финансиран од страна на казахстанската државна нафтена компанија KazMunaiGaz, преку романско – казахстанскиот фонд.