Како и секоја година, и оваа пресметка за новата цена на струјата ќе биде завршена до крајот на јули.
Новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат ќе важи до 1 јули 2015 година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките, објави весникот „Вечер“.
Лани од 1 јули струјата поевтини за 4,48 отсто. Како главна причина за поевтинувањето на цената на струјата се посочи тоа што беше утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното. Како ќе биде годинава, останува да се види.
Во 2012 година, струјата поскапуваше два пати, а тогаш вкупно цената се зголеми за околу 20 проценти.